Огромен метеорит паднал пред неколку дена во реонот на Хабаровск во Русија.

Метеоритот паднал среде коритото на реката Буреја, на околу 70 км од најблиското село Чекунда и го блокирал течението.

Властите не исклучуваат воведување на режим за вонредни ситуации, изјавил раководителот на тој регион, Андреј Маслов.

„Очигледно е дека метеоритот бил огромен, штом го блоирал коритото на реката во должина од околу 40 метри. На тоа место се испратени две екипи, една од нашиот реон, друга од Амурската област. Имаат сателитски телефони и радиометри за да го измерат нивото на радијација. Неколку дена бевме известувани дека притокот на реката е намален, но не можеше да се определи причината з атоа. Се надевам дека бргу ќе имаме информации од групите на терен, рекол Маслов.

Постои опасност нивото на реката да се зголеми и со тоа водата да поплави некои села, поради што би била објавена вонредна ситуација.

На нтернет се публикувани и снимки од местото. Според авторот на видеот метеоритот образувал гигантски кратер.