Италијанскиот вулкан Етна денеска се активирал и исфрлил облаци од прав во небото, пренесе Ројтерс.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат сив и црн дим над кратерот на вулканот, а се гледа и лава.

Локалните жители раскажале дека чуле голема експлозија, а тие кои живеат во подножјето на вулканот се разбудиле со вознемиреност.