На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа автомобил кој вози по автопат во спротивна насока.

Снимката е направена од автобус (или камион), и како што се тврди, таа е на некоја делница од македонски автопат, што не е потврдено кога и каде.

На снимката се слуша чудење на возачот на автобусот од кој е правена снимката, кој вели „ќе го објавиме на Фејс (бук)“.

Сличен проблем имаше пред две години на автопатот Скопје – Тетово, кога коњ впрегнат во запрега и без контрола „возеше“ во спротивна насока.

Видеото може да го отворите ТУКА.