Доаѓа Нова година, се сеќавате дека поранешната фраза беше оти таа е највеселата ноќ, а ние изгледа се заситивме од весели денови и ноќи во изминативе 6-7 години, па секој ден ни стана црна хроника.

Затоа, ајде за атер на Нова година и за атер на бившиот премиер Зоран Заев и на сегашниов Димитар Ковачевски, да се провозиме малку на првата патека за Формула 1 во Македонија:

– Еден од најголемите проекти на кои што работи државата (Владата на Заев, з.н.). Овде е планирано да биде изградена првата патека за Формула 1 која што треба да отвори туристички можности, изјави бившиот премиер Заев, кој велеше „го донеле Заев да го смени името, ајде мајката“.

По неговите „формула 1“ патеки тргна и неговиот партиски и наследник на премиерската функција, Димитар Ковачевски. Тој ја продолжи и соврши „патеката на Заев“ со изградба на првата фабрика од автомобилската индустрија во која „ќе се произведуваат целосни електрични автомобили во ТИРЗ Тетово“.

-Со изградбата на новата фабрика обезбедуваме нови работни места за нашите граѓани, договори за дополнитена соработка со други локални компании, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии. Ова е можност С. Македонија да биде мапирана од странските инвеститори од автомобилската индустрија. Како Влада правиме сѐ за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани, објави Ковачевски по наследувањето на премиерската фотелја.

Затоа, ајде во чест на Заев и Ковачевски, на патеката за Формула 1 и македонската електрична автоиндустрија во Тетово, да се провозиме малку пред Нова година.

Пред да стартувате, врзете ги ремените, ако може поцврсто и во јазол. Оти и покрај колапсот на сообраќајот во Скопје, ревносната сообраќајна полиција на министерот Оливер Спасовски, може да ве казни за брзо возење на патеката од Заев во центарот на Скопје, со електричните болиди на Ковачевски.

Видеото од најавата за трките Формула 1 во Македонија може да го отворите ТУКА.

А историјатот на „македонските премиери, репризи, праизведби, болиди и патеки за Форлума 1“ подолу во текстов.

(Д. Г.)