Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска застана во одбрана на својата колешка и сопартијка, Мила Царовска, министерката за труд и социјала, како и во „одбрана“ на правата на пензионерите и другите граѓани.

Министерката Шеќеринска откако промовира гуми за возилата во АРМ, и чизми за војниците, сега промовира нешто што е контрадикторност. Таа изјавува дека „дупките што некој ги направил“ во пензиските фондови, тие ќе ги надоместат со пари од буџетот, со цел да не биделе оштетени граѓаните.

Прашањето до министерката за одбрана, кое и го поставуваат граѓаните на социјалните мрежи гласи: Од чии пари се полни буџетот, ако од таму се „пополнуваат дупките“ и дали тоа не се пари на граѓаните?

Ова е добра поука, политичарите, во занесот да се претстават како месии и спасители на граѓаните, да бидат повнимателни оти е непристојно да се манипулира со интелигенцијата на граѓанинот.

Министерска логика

#Следиме министерска логикаВладата ќе ја покрива дупката во пензискиот фонд од буџетот за да не крателе од џебовите на граѓаните. А буџетот кој го полни? Бобо?

Gepostet von Следиме am Mittwoch, 30. Januar 2019