Советниците од опизициската ВМРО-ДПМНЕ на седница на Советот на општината Куманово се појавија со лап-топи со налепница од Сонцето од Кутлеш.

Претседателката на Советот бурно реагираше и читаше „заповеди“ од Договорот со Грција, а советниците од опозицијата ја прашаа претседателката да одговори со кој закон е забрането на приватен компјутер да поставуваат налепница?!

Советниците побараа да им биде покажан законот и да сносат последици доколку таков закон постои.