Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на патот Свети Николе кон Куманово од која на Јутјуб е објавено вознеимрувачко видео.

Снимен е бел автомобил, кој се движи час десно, час по средишната бела линија која го раздвојува коловозот, а на моменти вози сосема на спротивната лева лента од коловозот.

На видеото е снимен и моментот кога од спротивниот правец доаѓа друг автомобил и моментот на страотниот судир.

Според полицискиот билтен, на 19.07.2020 околу 15.00 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с. Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с. Скачковце, кумановско, и патничко возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово.

По незгодата, возачите и сопатниците од автомобилот „БМВ“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.