ТВ Сител објави видео на кое се гледа граѓанин кој шета куче миленик по улица и го напаѓа глутница скитници.

Не е наведено од каде потекнува видеото со вознемирувачка глетка и кога е снимено.

А деновиве постојано се водат полемики околу нападите од улични кучиња врз граѓани во многу градови низ Македонија. А во билтенот на МВР секојдневно се објавуваат случаи од граѓани кои ги пријавиле нападите, но многу од нив не ни пријавуваат во полицијата.

Видеото може да го отворите ТУКА.