Министерот Оливер Спасовски речиси секој ден објавува достигнувања и успеси во работата на Министерството за внатрешни работи откако тоа е под негова министерска команда.
Постојано на официјалниот профил на МВР и на министерот Спасовски, се објавуваат успеси за реновирани фасади на полицискаи станици, набавки на обувки и облека за униформираната полиција, а вечерва објавува видео презентација на монографијата за МВР, откако тој седи на челната фотелја.
– Видео презентација за Монографијата „МВР за граѓаните 2017-2021″ – сведоштво на еден историски моментум, објавија на своите профили МВР и министерот Спасовски.
Од видеото може да се види дека кај нас книгата не е веќе прозорец кон светот, туку под раководство на Спасовски „МВР е прозорец кон светот“!
Граѓаните очекуваат, покрај моногарфијата за Спасовски, да објави и имиња на крадците во полицискиот магацин со оружје во Охрид, за ограбување на маслото од марихуана, во вредност од над два милиона евра, од магацинот во Крушевско и за други досега необјавени кражби.
Видеото може да го отворите ТУКА.