И покрај барањата на домот Сју Рајдер, во овој дом не дошол министер да ги посети 7 години, вели техничкиот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, кој вчера гo посети Центарот за социјална работа Битола.

Велковски таму разговарал и бил запознат со актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош.

-Наредниот период треба да се посветиме на ставење на системот на здрави нозе со цел социјалната помош да стигне до вистинските корисници. Алармантна е состојбата во сите градови низ Македонија исто како и во Битола. И покрај барањата на домот Сју Рајдер, во овој дом не дошол министер да ги посети 7 години. Центарот кубури со кадар, а луѓето се оставени да се грижат сами за себе бидејќи има само 7 медицински лица на 150 луѓе. Овие луѓе сместени овде се стари лица, пензионери кои никој не најде за сходно да ги слушне нивните барања. Пензионерите го истакнуваат проблемот којшто за жал од август 2023 година само се провлекува, тие протестираат, излегоа во голем број и бараат да се исполнат нивните права, но жално е што никој не ги прими долг период. Ги знаеме нивните барања и сигурен сум дека ќе има решение за истите. Дури 220.000 пензионери се со под 20.000 денари пензија. Така да тоа е две третини од вкупниот број на пензионери во државата кои што за жал примаат под 20 илјади пензија. Алармантна е навистина состојбата и ќе излеземе во пресрет на нивните барања коишто ги доставуваат до нас, истакна Велковски од Битола.

Ова е болната вистина до каде е доведена Македонија и болната судбина до каде го доведовте македонскиот пензионер.