Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, вчера во гостување на ТВ 24 рече дека „и Егејците ќе влезат во Преамбулата на македонскиот Устав заедно со сите други народи кои ќе го побараат тоа.

– Кога ќе го видат предлогот ќе видат дека нема ништо лошо ако во Преамбулата влезат и другите народи кои поднеле барање, бидејќи не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорците, Египќаните, Егејците и сите оние кои ќе поднесат барање, рече Мадиќ.

Заменичка на министерот за правда најмалку што треба да знае е дека Македонците се Македонци и во Република Македонија, и во Бугарија и во Грција. А поделбата на Вардарци, Пиринци и Егејци само го раздробува македонското национално ткиво. Македонците од Егејска Македонија и сега се во Преамбулата на Уставот на Македонија, како Македонци и не им е потребен рецептот на Мадиќ да влегуваат и како Егејци во Уставот.

Видеото може да го отворите ТУКА.