Затвореници од Флорида, кои во придружба на чувари биле на пауза од работа, спасиле едногодишно девојче од автомобил во кој нејзините родители случајно ја заклучиле. Несреќата се случила кога таткото го ставил девојчето на детското седиште и ги фрлил клучевите на предното седиште, а потоа случајно ја затворил вратата.

За среќа, во близина имало група затвореници кои работеле на патот придружуван од полициски службеници. Наместо да го скршат стаклото на автомобилот, затворениците ги понудиле своите вештини и ги отвориле вратите на автомобилот без кршење.

„Фала му на Бога за сите криминалци во светот. Сите ве почитувам”, рече мајката која успеа да ја сними целата спасувачка операција. Видеото стана хит на социјалните мрежи, и можете да го погледнете подолу.

Pasco Sheriff's Office lol this was a weird day man.🗣🗣Follow me on Instagram @6clout6baby6I always got something interesting going on in my life.“To use this video in a commercial player or in broadcasts, please email licensing@storyful.com

Gepostet von Shadow Lantry am Donnerstag, 14. Februar 2019