Во ноќта меѓу 2 и 3 март на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи во Република Македонија спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Контролирани се над 1.300 возачи, а кај 177 е утврдено присуство на алкохол во крвта и тие се соодветно санкционирани.

– На територија на СВР Скопје – 39, СВР Тетово -15, СВР Велес – 18, СВР Битола – 25, СВР Куманово – 27, СВР Струмица – 17, СВР Охрид – 11 и СВР Штип – 25.

При контролите, исто така, откриени и соодветно санкционирани се и 154 други прекршоци, стои во соопштението на МВР.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со ваквите контроли со цел санкционирање на прекршоците и подобрување на безбедноста во сообраќајот.