Полицискиот час викендов да почнува од 19 часот и да трае до 5 часот наутро следниот ден, предлага Комисијата за заразни болести.

Како што информира министерот Венко Филипче, на денешниот состанок на Комисијата била донесена оваа одлука и таа денеска ќе биде разгледувана на владината седница која почнува во 16 часот.

– Во однос на олабавување на мерките кои ќе се предложат од понеделник, останува да се следи ситуацијата овие денови по што ќе излеземе со мерки, рече Филипче.

Вкупно дијагностицирани со коронавирус во Македонија од почетокот на епидемијата има 1.586, од кои оздравени 1.099, починати се 90, а во моментов активни 397.