Додека кај нас, кога е корона вирусот во прашање, вообичаено „се е под контрола“ поради што сме на второ место во светот по смртност, а денеска Филипче смируваше дека не очекува нов голем бран, во регионот вирусот се повеќе зема замав.

Така, во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 2 020 позитивни од 10 500 тестови или околу 20 отсто. Ова е прв пат по долго време бројот на позитивни во Хрватска да надмине 2 000 лица во еден ден.

Синоќа, бугарските власти објави дека бројот на позитивни од тестираните во вчерашните 24 часа е 19 отсто.

Србија веќе со денови и недели е над 30 отсто, односно во последните 24 часа има 6 699 позитивни од 22 314 тестови или околу 30 отсто.

Кај нас, денешниот биланс е 11 отсто позитивни, а Филипче тврди дека вакцините даваат ефекти. Но, Хрватска и Србија имаат поголем процент вакцинирани до нас, па имаат застрашувачки бројки, а ние сме еднакви со Бугарија, со 35,8 отсто целосно вакцинирани од севкупната популација

Очигледно е дека вирусот зема замав. Романија, почна да испраќа болни во Унгарија.

Грција пријави 2 312 позитивни и 31 починати, а вчера Албанија имаше нови 501 позитивни, што е релативно мал број, но е зголемување во однос на претходните денови.

Сето ова покажува дека ни надоаѓа голем бран, за кој очигледно не сме подготвени, а кога тој ќе настапи, виновни повторно ќе бидат самите болни.