Во Битола почина најмладиот пациент во ковид-центарот, 19-годишната пациентка од Битолско, која се водеше како суспектна на коронавирус, но не беше тестирана, објави порталот СДК.

– Девојчето почина неколку часа по приемот, беше донесена во екстремно тешка состојба, почина пред да биде земен брис и не е во ковид позитивните починати, вели директорката на Битолската болница Билјана Гагачовска.

Починатата девојка беше со Даунов синдром.