Висок функционер на Хамас денеска изјави дека палестинската исламистичка организација му испратила на Израел список на заложници кои денеска ќе бидат ослободени, пренесоа палестинските медиуми.

Еден израелски функционер изјави за јавниот радиодифузен сервис Кан дека Хамас им ги дал имињата на трите жени на посредниците.

Претставник на Хамас вклучен во преговорите за прекин на огнот претходно изјави дека списокот со заложници ќе биде предаден „во секој момент“, но дека сложената ситуација во Газа и израелското бомбардирање предизвикаа одложување.

Официјалниот претставник рече дека „имињата на тројцата уапсени ќе бидат предадени во секој момент“.

Прекинот на огнот требаше да започне денеска во 8:30 часот по локално време (7:30 часот по средноевропско време).

Израелската војска потврди дека ги обновила нападите врз Газа, додавајќи дека погодила терористички цели во северниот дел на централна Газа. Борбени авиони извршуваат серија воздушни напади, објавија израелските медиуми.

Цивилната одбрана на Газа објави дека осум Палестинци се убиени откако утрово стапи на сила прекинот на огнот.

Нападите продолжија откако почетокот на прекинот на огнот беше одложен и Израел го обвини Хамас дека не ја исполнил својата обврска да му ја предаде на Израел списокот на заложници што требаше да бидат ослободени првиот ден.

Хамас го објасни доцнењето со технички причини.

фото: МИА архива