Пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи поради кој пропадна неодамнешното гласање на доверба на Владата на Зоран Заев тврдеше дека од високи дипломати добил црсти гаранции дека Македонија ќе добие датум за преговори.

Но, Реџепи во емисијата Во Центар го смени мислењето и изјави дека неговата сопруга го информирала оти Македонија ќе добие датум, а за тоа слушнала на телевизија.

– Информациите колку е ангажирањето сериозно.Еден ден ми дојде сопругата и ми вели дали го слушна францускиот претседател (Емануел) Макрон за неговите изјави. Вие знаете дека тој дал инструкции во сите амбасади да се работи максимално да се добие датумот и да се надмине проблемот со Бугарија, изјави Реџепи во спомената емисија.