Близнаците Луан и Албан Ахмети се најмладите жртви од големата автобуска несреќа што се случи утринава на автопатот Струма во Бугарија, кога се запали автобус на „Беса транс“ при неговото враќање од Истанбул кон Скопје.

Бугарската новинска агенција БГНЕС објави дека најстариот патник имал 63 години, а повеќето патници се родени помеѓу 1971 и 2004 година.

Во несреќата загинаа 46 лица, а седум се повредени и пренесени во болница и немаат сериозни повреди.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од близнаците за време на нивниот престој во Истанбул викендов, заедно со нивните родители.