Владата на денешната редовна 102-ра седница го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.

Целта на Предлог–законот, како што посочуваат од владината прес-служба е да се ограничи годишната стапка на вкупни трошоци на потрошувачките кредити.

-Со тоа, корисниците на кредити нема да плаќаат прекумерни трошоци и ќе се минимизира ризикот од понатамошно влошување на состојбата на корисниците на кредит коишто имаат проблеми со отплатата на кредитот.