Владата на денешната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, за стимулација на матичните лекари кои ќе постигнат 70% од вакцинација на своите пациенти, да бидат наградени со 30 денари по пациент.

Ова наиде на критики кај матичните лекари, кои сметаат дека ваквата финансиска стимулација е понижувачка за нив.

Инаку, според неделната споредбена статистика, опфатот со две дози вакцина кај вкупното население во земјава е 38,7%.