Томосот од Цариград нема многу да ни даде, ама многу ќе ни земе – до кога ќе се занимаваме со веќе решен црковен проблем? прашува  митрополитот  Тимотеj.

-И со Томос од Цариград и без Томос од Цариград, ние веќе сме во екумената на православните цркви, бидејќи можеме да сослужуваме со останатите православни цркви, без оглед на тоа дали нѐ признаваат како автокефални или не, изјави митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

Како што е познато, Цариград веќе има поставено неколку услови кои се крајно неприфатливи за МПЦ-ОА.

Откажување од името Македонска Православна Црква;
Отстапување од македонската дијаспора;
Признавање на Православната црква на Украина (ПЦУ), чија автокефалија е доделена токму од Цариград.