СДСМ си пукаше во слепоочница со реакцијата, тие ја имаат воспоставено праксата за предлагање на вакви одлуки за која сега велат дека е неуставна.

Ова се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

– СДСМ се’ ќе стори да ја заштити функцијата на Филипче. Да се трудеа толку да ги заштитат животите на луѓето, немаше да бидеме први по смртност во Европа и немаше да се случи трагедијата во Тетово.

СДСМ и Заев нека не бараат изговори, единствено што треба да направат е да ги разрешат Филипче и Хасани.

СДСМ треба да знаат дека член 68 од Уставот му дава овластување на Собранието со одлука да врши избори, именувања и разрешувања на носители на јавна функција утврдени со Устав и со закон. Венко Филипче е избран со одлука на Собранието, со одлука може и да биде разрешен.

Според член 92 од Уставот кој вели дека Владата и секој нејзин член, за својата работа одговара пред Собранието, јасно е дека Венко Филипче и индивидуално одговара за својата работа пред пред Собранието.

Член 93 од Уставот вели дека член на Влада има право да поднесе оставка, а разрешувањето по предлог од Претседател на Влада е сосема друга процедура.

Членот 184, став 1 од Деловникот му дава право да предлага одлуки на секој пратеник. Венко Филипче и Илир Хасани не се избрани со декларација, закон или резолуција, тие се избрани со одлука, па според тоа со одлука треба и да се разрешат.

Но да мислеа на законот и на Уставот СДСМ и Заев немаше да чекаат со денови за оставките на Филипче и Хасани. Туку сега веќе ќе беа заминати, а оставка ќе си дадеше и Заев.

Заев и Филипче да си дадат оставки и да овозможат непристрасна истрага, само со нивна оставка ќе може да има независна истрага.

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ