Судството ни е ослободено од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ. Вообичаено СДСМ своите сооопштенија секојдневно ги користи за напад на опозицијата, што е практика и во денешното, кое го објавуваме во целост подолу. Граѓаните не заборавиле како власта предводена од СДСМ предлагаше и избираше судии, уставни судии, кого пушташе од затвор, како се случи незабележан случај во светов да имаме осуден затвореник во притвор, Луј Витон процеси, судења итн.

Еве го целото соопштение од Бихаќска:

Нема поголемо лицемерие од тоа партија чиј почесен лидер е избеган криминалец да зборува за криминал

ВМРО-ДПМНЕ е една од најкриминалните партии во Европа за чии функционери и имот се водат повеќе постапки, а сите политички постапки им се само за спас на криминалците во своите редови.

Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите, законот важи за сите подеднакво, а секој што се огрешил пред законот ќе одговара.

По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон.

Судството е ослободено е од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кого станува збор.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е на браникот на криминалот, а СДСМ гради правна држава, во која законите важат еднакво за сите.

Центар за односи со јавноста на СДСМ