Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Последниве два дена сме сведоци за најголема бројка на здравствени работници заразени со Корона вирус. За жал, скоро 12% од сите заразени со Корона вирусот во земјава се здравствени работници кои се наоѓаат во првата линија на заштита од Ковид 19 епидемијата. Нашите колеги, медицински сестри и техничари се изложенни на вирусот, а во исто време се оставени без доволна подготовка и опрема за справување со вирусот како и опрема за реализирање на секојдневните работни активности.

Во исто време, според публикацијата на ИЈЗ од ден 23.03.2020 година и категоризацијата за ризик според СЗО, Дебар е во фаза 4 на епидемија (широко распространета трансмисија во заедницата), Скопје е во фаза 4, а останатиот дел од Република Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи). Од вчера и Куманово е во фаза 4 од епидемија.

Здравствената комисија на ВМРО ДПМНЕ по одржаната онлајн седница ги предлага следните дополнителни мерки:

1. Прогласување на карантин и кризна состојба за Скопје и Куманово
– Неопходни се итни рестриткивни мерки во овие два града како најголеми жаришта на епидемијата
– Да се ограничи и редуцира влезот и излезот од Скопје

2. Рестриктивни мерки и контрола на нивното спроведување
– Да се организира соодветно јавниот превоз со доволен број на автобуси, или систем на ограничен влез на патници во автобус
– Да се овозможи растојание од 1-1.5м помеѓу корисниците на јавниот превоз во градот
– Да се движат патроли преку ден кои што ќе го контролираат спроведувањето на полицискиот час.
– Остро санкционирање на оние кои што не ги почитуваат мерките

3. Масовно тестирање на ризични групи
– Тестирање на повратниците од дијаспората
– Тестирање на младите преку тестирање на репрезентативен примерок од оваа група
– Редовно тестирање и планска заштита на лекарите и здравствените работници
– Тестирање на индустриските работници

4. БЕЛ ПЛАН за болниците и здравствените институции
– Соодветна опрема за здравствените работници и обука на персонал кој ќе биде директно задолжен за лекување на пациентите кои ќе бидат позитивни за вирусот на корона.
– Пациентите кои што не се со потврдени со Ковид-19, потребно е да се иследуваат од мултидисциплинарен тим кој ќе биде опремен и обучен за работа со вакви пациенти кои се суспектни за Ковид-19.

Да се бара МЕЃУНАРОДНА ПОМОШ во опрема, материјали и експерти.