Зоран Заев и СДСМ треба да одговорат што бараше Заев во Тетово и дали договараше територијално редефинирање на државата, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев и СДСМ ја носат државата во пропаст. Дали Зоран Заев вети дека ќе направи целосно преуредување на уставниот поредок? Зоран Заев ја турна државата во калта на криминал, корупција, непотизам и незаконие. Република Македонија стагнира на секое поле. Наместо реформи Заев тера антидржавна агенда, се вели во соопштението од опозициската партија.

Државните претпријатија, се додава натаму, се користат за местење тендери, а приватниот сектор со исклучок на бизнисите на Заеви и Анѓушев пропаѓаат.

– Се повеќе луѓе ја напуштаат Република Македонија. Наместо да ги врати иселените, власта го забрза процесот. На Република Македонија и е потребна обнова. Потребна е нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и ќе донесе напредок за државата, се вели во соопштението.