Антимакедонската СДС да не се плаши од народот и да прифати референдум, а со референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Го пренесуваме целото соопштение:

Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е коренот на сите проблеми и затоа е потребен Референдум и мобилизација на народот против него. Не може само Македонија да презема обврски, а Бугарија да условува.

Договорот со Бугарија кој го потпиша Заев, а го продолжи Ковачевски е отровното дрво кое раѓа отровни плодови, а последиците од таквиот договор ги гледаме денес. Овој договор со Бугарија е основата за негација на македонскиот јазик, идентитет и историја.

Затоа, само Референдумот е можност народот да излезе и да го каже својот став, а според истражувањата над 60% од Македонците би го подржале Референдумот.

Антимакедонската СДС треба во најмала рака да ја подржи иницијативата и да дозволи да се слушне волјата на граѓаните, но тие бегаат од Референдум затоа што знаат дека народот е против нив и против нивните погубни политики од кои само Македонија губи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ