Венко Филипче и Зоран Заев продолжуваат со аздисувањето додека по неколку десеттина лица умираат дневно. Во Македонија водена од Заев и Филипче сликата е, од една страна по неколку десеттина погреби и семејства завиени во црно, од друга страна власта се забавува, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, за да се забавуваат Филипче и Заев се отвораат и хотели, ресторани, а еве денес веќе се повторно на патиштата со своите мотори. Однесувањето на Филипче и Заев чини животи. Тие се директно одговорни за повеќе од четири илјади починати лица, посочуваат од партијата.