Венко Филипче во име на СДС и неговото раководство кое секој ден ни покажува и докажува дека се талог на општеството, а за што  говорат нивните постапки, никако не можат да се вклучат во реалниот живот. Филипче за да најде одговор за намалената бројка на ученици во прво одделение, треба да погледне шест години наназад. Да, треба да погледне шест години наназад и да се сети кој бил на власт, се посочува во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателотна СДСМ Венко Филипче, што МИА ја пренесува интегрално.

Значи, намалениот број на ученици во прво одделение годинава е резултат токму на благо кажано лошите политики на владата на СДС предводена од Зоран Заев во кој Филипче беше министер. Мало потсетување, на сите ни е јасно какви антисемејни политики водеше СДС и колку не обрнуваше внимание на демографијата и иселувањето.

За разлика од талогот на СДС, кој само лаже, манипулира и шири паника меѓу граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ како партија која ја предводи Владата е сосема свесна за ситуацијата и работи да ја подобри истата. Но, за две години чуда не се прават.

Во овој период Владата носи посебни мерки, меѓу кои е и мерката за намалување на цената на училишниот прибор и тоа се случува трета година по ред.

ВМРО-ДПМНЕ јасно укажува и дека ова се должи на демографијата, која во овој проблем со намалување на учениците во прво одделение, учествува со околу 90 проценти, а другиот проблем е во иселувањето. ВМРО-ДПМНЕ во овие повеќе од две години две години, активно работи на подобар животен стандард и квалитетна животна околина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива