Граѓаните денес, поради Зоран Заев ја плаќаат најскапата струја во историјата на Република Македонија. Во ек на коронакриза кога секаде во светот имаше повластувања и намалување, Заев ја покачи цената на струјата за тој и неговите блиски да полнат џеб, додека народот нема ни за леб.
Ова се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме во целост:
За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секогаш воделе грижа за граѓаните. Додека Христијан Мицкоски бил дел од секторот енергетика, како советник на Претседателот на Влада, а подоцна и како директор на ЕЛЕМ имаме континуиран пад на цената на струјата.
Првото покачување следува со Зоран Заев.
Кога Христијан Мицкоски ја напушти челната позиција во ЕЛЕМ, претпријатието го остава со 25 милиони евра депозит и 6.8 милиони евра на сметка. И со сите тековни обврски подмирени. Мицкоски го остава ЕЛЕМ во раце на СДСМ како целосно оперативно, ликвидно и солвентно претпријатие. Сега претпријатието нема ниту денар на сметка. А слабата финансиска кондиција се користи како оправдување за покачувањето на цената на струјата.
Мицкоски знаеше да менаџира и да управува умешно со претпријатието, притоа да ја намалуваше цената на струјата, и во исто време книжеше профит за ЕЛЕМ, а СДСМ генерира загуби и ја покачува цената на струјата.
Со СДСМ ЕЛЕМ само пропаѓа, а пропаѓа затоа што парите од истото се користат за покривање на милионски тендери со цел полнење на џебовите на струмичките газди чии камиони вртат во РЕК, задоволување на апетитите на финансиерите на СДСМ како Силјан Мицевски кој доби тендер од 6.8 милиони евра, и струмичката агенција за обезбедување која преку универзалниот снабдувач за електрична енергија испумпа 16.7 милиони евра откако е СДСМ дојдена на власт до сега.
СДСМ зема од народот за да има повеќе за фирмите блиски до нив.
Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ