ВМРО-ДПМНЕ бара од надлежните да истражат дали специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го злоупотребува боледувањето.

– Катица Јанева веќе петти ден по ред ја нема никаде, а само ден откако се обелодени овој рекетарски политичко-судско-медиумски октопод таа замина на боледување. Никој во Македонија повеќе не и верува на Јанева. Надлежните мора да истражат и да испитаат дали таа го фалсификува и злоупотребува своето боледување. Дали таа зема плата за да седи дома, бараат идговор од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија понатаму во соопштението додава дека вистината за случајот Рекет мора да се обелодени, а јавноста мора да знае како Катица Јанева е вмешана во овој случај.