Јавноста сака да знае како Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, кој има 24 години, го купи бизнис центарот Соравиа за 30 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од каде му се на внучето Дрин, 30 милиони евра и дали институциите го проверија потеклото на парите. Очигледно ниедна институција не смее ни да помисли нешто да проверува за овој случај, бидејќи истите се партизирани и се во служба само на богатење на функционерите од власта.

На ДУИ не и бега опозиција за неколку месеци, бидејќи се претвори во криминален картел, каде градоначалникот на Струга Мерко, веќе е ставен на црна листа на САД, поради криминални активности, братот на Груби купува дуќани, во центарот на Скопје по багателна цена, а сега дојдоа на ред и нивните внуци, како младиот “претприемач” Дрин Ахмети.

За многу кратко, доаѓа времето кога одговорност ќе има за секој еден криминал кој е направен, без разлика, кој како се вика и презива, додаваат од партијата.