Каде е Ковачевски да искоментира за столбот на ДУИ во Липково, зошто селото нема пат и квалитетна струја, а има столб од 20 метри, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштението со кое реагира опозициската партија го објавуваме во целост:

Каде е Ковачевски да го искоментира столбот во Липково на ДУИ?

Во Битола бугарско здружение за ликот на Михајлов, во Липково 20 метарски столб на УЧК.

Има ли оваа држава премиер и институции?- прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Дали СДС наместо инвестиции сега поддржува градење столбови и споменици?

Дали Ковачевски на ова аплаудира, или негодува?

Зошто Липково нема квалитетна патна мрежа, а има столб од бетон висок 20 метри?

Зошто Липково нема квалитетна струјна мрежа а има споменик, и дали споменикот ќе ги врати иселените од Липково?

Ветуваа Европа, а донесоа бетонски столбови.

Колку вреќи пари СДСМ и ДУИ ќе украдат во име на столбот во Липково?

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ