СДСМ наместо да троши пари на луксузи и лубриканти нека започне да работи нешто за намалување на загаденоста во Република Македонија, порача денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Мега проект кој СДСМ го воведе против загадување на воздухот е „исклучување на мерни станици“. ВМРО-ДПМНЕ како партија која се грижи за здравјето на своите граѓани во Собранието вчера поднесе информација за енормното загадување на амбиеталниот воздух во државата. Нема место и време за политиканство кога станува збор за здравјето на нашите граѓани. Бараме веднаш, власта да ги прифати нашите предлог итни мерки за справување со енормното загадување на воздухот, соопштија од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ апелира да се прифатат мерките кои живот значат, во спротивно власта треба да си замине и да остави друг да се грижи за здравјето и животот на граѓаните.