Сашо Мијалков немал температура, туку откако од високи функционери во една од трите власти дознал дека обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов бараат 13 годишна казна затвор за него за случајот со прислушување, што било спротивно на претходно постигнатиот договор кој опфаќал помала казна, избегал во Белград, тврдат релевантни извори во ВМРО-ДПМНЕ. Тој договорал опфаќал казна помала од пет години за прислушувањето и застарување на едно од делата за кои Мијалков го гонат. Откако сфатил дека од тоа нема ништо, Мијалков заминал во Белград, но се вратил назад по нови преговори, убедувања и договор со Зоран Заев, тврдат истите извори од ВМРО-ДПМНЕ.

Всушност, една од стандардните и познати шеми кои се прават кога се мести судска пресуда е првостепена казна која е некаде на средина меѓу максимумот и минимумот, за да биде задоволена јавноста, а да не биде превисока за казнетиот. Но, судот остава и процедурална грешка во текот на првостепениот процес и материјална грешка во самата пресуда, за да може потоа, во жалбена процедура, по држење на предметот во фиока поголем број месеци, откако ќе спласнат јавните страсти, Апелациониот суд да ја укине и предметот одново да се врати на почеток, а новата пресуда, по повеќе години од првичниот почеток на процесот, ќе може полесно да се „избалансира“.

Независно од ова, изворите од ВМРО-ДПМНЕ велат дека точно е дека власта со своите методи презела акции за блокирање на имотот на семејството на Мијалков, заканувајќи му се и со неговите деца, но сепак велат дека паралено со заканите течело и било договарањето меѓу Мијалков и Заев. Што точно договориле и каков е тој договор, можеби ќе се види во петок кога треба да биде соопштена пресудата за прислушувањето, но договорот можеби се состои и во одлуката на Апелациониот суд по жалба.

Според истите извори, Мијалков избегал во неделата, односно тогаш полицијата не успеала да го најде за да оди во куќен притвор, а преговорите со власта наводно почнале во понеделникот, откако меѓународната заедница извршила силен притисок врз Заев, односно му поставила ултиматум да најде начин Мијалков до четврток да се врати во земјава.

Така и се случило, со тоа што Мијалков се вратил два дена порано, и тргнал кон Рускоска. Изворите од ВМРО-ДПМНЕ велат дека при сето ова, Јовески и Рускоска сториле две кривични дела, не прецизирајќи з ашто точно се работи. Во секој случај, Мијалков, се враќа назад, оди во ЈО, а тогаш е пуштена ТВ 24 да ја одработи работата: „Еее, Сашо, од кај ти овде? Еве поминував! А ти што тука? Така, си одам со камера и микрофон пред суд, јадам семки и гледам, оп, Сашо, па да те прашам за здравјето“.

Инаку ако забележавте, во времето на Грујо, за ваков случај ќе врескаа комуњарите и нивните новинарски потрчкала до небо, а сега сметаат дека тоа што ТВ 24 беше пратена на задача е во ред!

Изворите од ВМРО-ДПМНЕ брифираат и дека сега акцијата на т.н. иницијативен одбор за вонреден конгрес за кој нема статутарна основа, по фијаското со последниот нивен собир, ја презел Никола Тодоров, еден од најблиските соработници на Груевски и еден од ретките високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Владата на Груевски кого го немаше во снимките кои Заев ги презентираше. Тоа е, ако не се лажеме, човекот кој во високата политика влезе со автомобил „тико“.