Омилената агенција на СДС за односи со јавност, истражување на јавното мислење Рејтинг менаџирана од Никола Спасов за време на владата на СДС доби ни помалку ни повеќе околу 10 милиони евра, велат во денешното партиско соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа беа 10 милиони за да се прикажуваат наводните успеси на СДС, владата предводена од СДС, за наводните успеси на таа влада и успесите на функционерите на оваа влада.
Но, на 8 мај се виде дека во лагите на омилената агенција на СДС, Рејтинг не верувал никој.
И сега Рејтинг во овој период откако СДС е во опозиција наместо да им даде реална слика за да се подобрат како партија, агенцијата си го тера валканиот пиар на СДС.
Со овој пиар на Рејтинг, СДС како партија само тоне. Но, тоа не го интересира Спасов затоа што во време на СДС си изгради фотоволтаична централа. Бизнис кој годишно може да прави и по половина милион евра.
Главниот пиар мајстор на СДС, Спасов кој сега стратегијата за односи со јавност ја темели само на лаги и измислени води кон тоа партијата само да тоне. Затоа челниците на СДС ако не за себе нека помислат на членството кое наместо да гледа како партијата се опоравува и дискутира за клучни теми за народот и државата, партијата се занимава само лаги и манипулации.