Доста беа лаги, доста манипулации, Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка, порача денеска најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот. Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Нашиот народ живее тешко, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, криминалот царува во Македонија, а на чело на криминално рекетарската банда сместена на Илинденска б.б. е аболицираниот Заев. Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка, се вели во соопштението.

Потребни се реформи, се додава натаму, кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период.

– Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество. Заев е во паника и единствено го одложува неизбежниот крај на неговата трагична политичка кариера во која донесе само порази за македонската држава и македонскиот народ. Заев се плаши само од едно нешто, тој се плаши поради тоа што ќе мора да плати за се што стори. Се плаши бидејќи ќе одоговора за лоповлукот, корупцијата, рекетот, криминалните тендери и грантови на штета на македонскиот народ. Крајот е близу, време е за обнова, време е за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе кажат доста е од корумпирани политичари за кои синоним е Зоран Заев, се вели во соопштението.