Гледаме апсолутна неспособност на власта во справување со пожарите низ Македонија. Наместо навремена интервенција гледаме загрозени села и градови, уништени куќи, фарми, имоти, хектари шума и за жал и изгубен живот.

Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со актуелната состојба со пожарите. Го објавуваме целото соопштение:

Оваа неспособна власт на Заев освен криминал не може да организира ништо друго. Тие немаат план и стратегија за справување со пожарите. Да имаа немаше да го одбијат амандманот за ребалансот на буџет предложен од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 20 противпожарни возила. Да имаа стратегија немаше да бидат оставени несервисирани трите авиони за гаснење пожар кои сега ќе гаснеа шумски пожари.

Но наместо да одвојат 400 илјади евра за сервисирања тие трошат милиони за службени возила, мебел, вработувања и мобилни телефони.
Наместо да го разрешат неспособниот Стојанче Ангелов тие го унапредуваат од вд во директор, човекот кој аматерски менаџира криза кој може да чини животи и имоти на граѓани. Впрочем каков премиер, такви и соработници и функционери.
Не може да се очекува повеќе од лица кои наместо да превенираат дозволија пожар да дојде до самиот град Кочани, а тие да се забавуваат на приватни прослави на Мечкин Камен.

Доста е! Време е за оставки на неспособните, за да се спасат животи! Неспособноста на власта загрозува животи и имоти на граѓани. Веќе никој не бара одговори од власта на Заев, сега од нив се бара одговорност!

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ