Додека владата на Ковачевски молчи, бугарската страна слави за успех во преговорите во историската комисија.

Ова се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Соопштението го пренесуваме во целост:

Јавноста се уште нема никакви информации од македонската страна што е договорено во однос на Цар Самоил и македонската историја.

Освен штури соопштенија за некаква си позитивна атмосфера во преговорите, граѓаните не се информирани што е договорено во комисијата. Информации има само од Бугарија, од членови на комисијата, експерти и медиуми, а Ковачевски и Османи се кријат и молчат.

Ковачевски бетер од Заев, тоа што не успеа да распродаде едниот со Бугарија, го продава другиот, таен договор на повидок?

Нема одговор дали Ковачевски се откажал од јазикот и што е договорот за Цар Самоил и дали тоа е причина за радоста во Бугарија?

Македонската влада води нетранспарентни и задкулисни преговори, без да биде запознаена опозицијата, пратениците во Собранието и сите граѓани за деталите во овие преговори.

Ковачевски и Османи треба веднаш да соопштат за што точно се преговара и дали се повторно се тргува со националните интереси. Националните предавства и порази на оваа ненародна власт треба веднаш да запрат.