СДСМ со својата деструктивна политика ја оддалечи Република Македонија од евро-атлантските интеграции, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со криминал и рекет не се оди напред. ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати обезличување на Армијата на Република Македонија, нешто што никој не го бара од нас. Впрочем поради тоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе идентичен закон, кој беше отфрлен од страна на власта и во кој што единствена разлика беше непромената на името Армија на Република Македонија. Претставници на меѓународната заедница порачаа со ова криминално раководство на СДСМ, Македонија не оди напред. Граѓаните заслужуваат подобра иднина. Заслужуваат да се чувствуваат безбедно, а криминалците да се најдат зад решетки. По 12-ти април ќе започне обнова на Македонија и сите врати ќе и се отворат ширум. Бидејќи на 12-ти април граѓаните ќе порачаат Заев и СДСМ никогаш повеќе, се вели во соопштението.