ВМРО-ДПМНЕ се оградува од ставовите на доктор Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватните лекари во врска со нејзините ставови за актуелната ситуација поврзана со корона вирусот.

Доктор Лилија Чолакова-Дервишова настапува по сопствени лични видувања и не е јасно како се осмелува да поднесе иницијатива против своите колеги до Уставен суд за преиспитување на одлуката со која се наградуваат здравствените работници во јавното здравство кои се борат со КОВИД-19.

Иако наградата за оние кои се на првата линија во борбата со корона вирусот и кои без прекин се грижат за здравјето на граѓаните е само симболичен чин, постапката за себе промоција а насочена против кокегите е за осуда.

Во моментов зборот и мислењата на медицинските лица воопшто и не се слушна од страна на владата предводена од СДСМ затоа и Македонија е црна точка во регионот и пошироко.

И сега заради несоосветните мерки во овој бран на КОВИД-19 повторно сме на дното со најмногу заболени, најмногу починати.

Ако оние оние кои требаше да направат стратегија како да се справиме со короната не успеаа, требаше барем да се остават медицинските лица да ја работат својата работа, а тоа е да се грижат за здравјето на граѓаните кога за нив не е заинтересирана власта.

Потребна беше одлука за награда на сите медицински лица, секој од нив се грижи за граѓаните без исклучок.

Нели здравствените работници, специјалистите требаше да имаат плата од 100 илјади денари?

Нели медицинските лица требаше да се задржат во државава?

Неспособноста на Заев и Филипче го направи здравствениот систем нефункционален, зарем и лица од фелата треба да прават вакви испади – нема корона, не треба награда.

Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за здравството е јасна – мора да се стави акцент на медицинските лица, на нивните плати, да се задржат во земјава, мора да има соодветни услови за лечење на пациентите и соодветни услови за работа на медицинските лица, значи медицински кадар и опрема.

Здравјето на граѓаните е приоритет! Личните агенди да се остават на страна!

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ