На само помалку од стотина километри од местото каде што ќе се потпишува договорот меѓу миниустрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, во Битола протести ќе одржи ВМРО-ДПМНЕ.
Гласот од овој протест треба да се чуе и во Преспа затоа што опозициската партија става до знаење дека нема намера да даде поддршка за промена на Уставот.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повик за учество на овие протести најави преку својот Твитер профил цитирајќи патриотски стихови од великиот поет Гане Тодоровски.
Инаку, протести за одбрана на уставното и историско име се одржаа синоќа во Прилеп со учество на неколку илјади луѓе.
Протестите беа мирни, а на нив се скандираше слоганот „Едно име имаме“.