Ваквите празни соопштенија од страна на СДСМ значат само потценување на интелигенцијата на младите во Република Македонија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение од СДСМ.
– Младинска гаранција, изградба на студентски град во првите шест месеци како и подобрување на студентскиот стандард, погодности за студентите и младите невработени на СДСМ се проекти кои остануваат само празно слово на хартија. Кога СДСМ пишува за реновирање на студентски домови и ученички домови дали може да каже на кои студентски и ученички домови поточно мисли? На младите им е јасно дека тие не постојат за оваа криминална власт која води грижа само за криминални тендери, корупција, рекетирање, поткуп, уцена и закани. Младите се најголемата жртва на лагите и манипулациите на криминалната влада на СДСМ и Зоран Заев и затоа СДСМ мора да си замине колку побрзо толку подобро, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.