Законот кој СДСМ сака да се донесе за јавното обвинителство не е во интерес на граѓани, туку е во интерес на криминалците во СДСМ, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДСМ сакаат да го донесат овој закон набрзина за да се спасат за рекетот, корупцијата, наместените тендери и сиот сторен криминал овие години. Со нацрт законот за јавно обвинителство на СДСМ не се согласува ниту експертска јавност. ВМРО-ДПМНЕ сака да се донесе Закон за јавно обвинителство согласно меѓународните стандарди и да претставува закон со кој треба да се направи рефеорма на целокупното јавно обвинителство. Закон со кој идниот обвинител нема да замижува пред скандали како Леонардо, Рекет 2 и Рекет 3, Сархемс и слично. Времето на селективна правда и штитење на криминалот на СДСМ и Заев завршува. На 12 Април следува одговорност. СДСМ и Заев никогаш повеќе, се вели во сооопштението.