Расипничкото работење на Шилегов нема крај. Расипникот Петре Шилегов градот Скопје само оваа недела го задолжи за нови 15 милиони евра кредити, се вели во денешната реакција на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

– Петре Шилегов само оваа недела го задолжи секое семејство во Скопје со нови 100 евра. Шилегов е  градоначалникот на кој не му сметаше да потроши 400 илјади евра за новогодишно китење на градот и фамозни 100 илјади евра од непознати донатори за пеачот кој настапи, а сега се задолжува нови 15 милиони евра. Дали ова задолжување не се пари за нов криминал пред изборите? Дали овие пари ќе завршат за финансирање на кампања и предизборен поткуп? Дали со ова Шилегов ги уништува со долгови јавните претпријатија? Шилегов станува копија на криминалите на Зоран Заев, се вели во реакцијата.