На брегот на Перу пронајдена е мумија за која се проценува дека е стара најмалку 800 години.

Археолозите утврдиле дека тоа се остатоци од човек кој потекнувал од заедницата која живеела меѓу брегот и планините во оваа јужноамериканска земја. Мумијата, чиј пол не е идентификуван, откриена е на периферијата на градот Лима, соопшти археологот Пиетер Ван Дален Луна.

„Целото тело беше врзано со коноп, а рацете го покриваа лицето, што било дел од локалната традиција на погребување. Радиокарбонското датирање ќе ни помогне да откриеме повеќе детали“, истакна арехеологот.