Шпанската полиција заплени 7,5 тони кокаин од Јужна Америка во северозападното пристаниште Виго, скриен во замрзната туна која требало да биде дистрибуирана низ Европа.

Во југоисточниот град Валенсија откриле уште 3,4 тони кокаин во контејнери.

Заплената тешка 7,5 тони е најголемата заплена на дрога по волумен во историјата на Галиција, регион на Атлантикот чиј карпест брег со децении се користи за шверц на дрога, соопшти полицијата.

Во друга операција, полицијата открила и 3,5 тони кокаин скриени во контејнери за транспорт во источното пристаниште Валенсија.

Уапсени се вкупно 20 лица припадници на две организации со балканско потекло, што, како што информираат од полицијата, е „голем удар“ за една од најмоќните европски дистрибутивни мрежи.

Шверцерската мрежа формирала увозна компанија за меѓународна трговија со замрзната риба и морски плодови, како и за инвестирање во недвижен имот, се наведува во соопштението.

Полицијата соопшти дека за време на повеќемесечниот надзор, нејзините службеници утврдиле дека компанијата ја прикривала својата вмешаност во шверц на дрога испраќајќи голем број контејнери по море.