Српскиот министер за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ изјави дека околу 5.000 деца на училишна возраст се заразени со коронавирус, што е околу 0,6 отсто и оцени дека состојбата не е алармантна, јави дописникот на МИА од Белград.

Што се однесува до образовниот систем, сепак тврдам дека состојбата според бројките воопшто не е алармантна, но точно е дека има поголем број на заболувања кај децата и поголем број на приеми од страна на педијатрите, изјави Ружиќ за РТС.

Тој кажа дека е одржан состанок на училишниот тим, со медицинскиот дел од Кризниот штаб за мерките што можат да направат „прекин“ кога е во прашање образовниот систем.

Вирусот влегува во образовниот систем однадвор, а не обратно, а тоа се гледа по бројки, додаде Ружиќ.

Тој посочи дека еден од моделите е воведувањето на онлајн наставата, но дека се уште не се одлучиле.

Запрашан дали очекува со продолжување на распустот да се прекине преносниот синџир на трансмисија, Ружиќ оцени дека е убеден да е тоа доволно, како и дека е точно она што го кажуваат епидемиолозите.

Хрватските податоци говорат дека во таа земја, околу 3 800 ученици се заразиле со корона вирусот. Сепак, вистинските бројки никој не ги знае.