Компанија во Замбија прекина со производство на пијалок за кој тврди дека е афродизијак, откако корисник во Уганда се пожалил на срцева артимија и ерекција која според него, траела – многу долго.

– Прекинавме производство и дистрибуција и отворивме интерна истрага, објави компанијата Ревин Замбиа.

Пијалокот со комерцијално име SX Natural Energy Power е омилен афродизијак во Замбија и соседните држави. Содржи природни екстракти од растенија ѓумбир и тонгкат.

Во Лусака пијалокот и недвосмислено се нарекува „Седум часа“.

Но, лицето од Уганда се пожалило дека имало ерекција шест часа, ладна пот…

Агенцијата за лекови во Уганда констатирала дека во пијалокот има и силденафил, молекула од славната Вијагра и побарано е запленување на сите количини од пијалокот и објавија предупредување до населенеито.