Денеска во село Лешок се одбележаа 19 години од загинувањето на нашиот херој Ѓоко Лазарески кој во 2001-та година заедно со уште тројца негови другари без поддршка на полицијата и војската ги бранеа своите најблиски, своите соселани, Лешок и Лешочкиот манастир, објавија на Фејсбук од навивачката група Војводи Тетово.

– На сите нас Ѓоко Лазарески треба да ни биде пример за храброст и како се брани својата фамилија, своето село и својата држава кога е најтешко. Вечна ти слава хероју. Војводи Тетово никогаш нема да те заборават, се наведува во објавата.